Поврзете се со нас

Европски првенства

Амброзини не верува во Италија: Го имаме најдобриот селектор, но…

Објавено

на

foto: x.com/Azzurri_En

Денеска започнува 17. Европско првенство на кое домаќин е Германија, а пак на кое титулата ќе ја брани селекцијата на Италија.

„Аѕурите“ на последниот собир изненадија многумина со триумфот, па и денеска има такви кои сметаат дека овој состав има капацитет да остане на врвот во Европа.

Масимо Амброзини како Италијанецот секако дека посакува вакво сценарио, меѓутоа според него е многу тешко да се стигне до пехарот иако за селектор го имаат Лучијано Спалети.

-Би сакал да бидам искрен за Италија, немам посебно чувство во моментов, иако Лучијано Спалети е најдобриот менаџер што можеме да го имаме во моментов. Не знам дали има доволно време да и ги даде на групата своите идеи. Изгубивме и еден клучен играч во Франческо Ачерби кој би донел толку многу искуство.

-Имаме уште многу добри играчи, но реален сум, треба да ја поминеме групата. Потоа за мене, четвртфиналето е оптимистичка позиција за Италија, -вели Масимо и направи споредна со претходната шампиоска генерација.

-Во моментов, овој тим на Италија има помалку квалитет отколку што имаше составот на ЕП 2020. Италија е чудна затоа што не успеавме да се пласираме на последните две Светски првенства, а потоа во средината го освоивме Европското првенство, можеме да бидеме чудна репрезентација. Тој тим растеше од ден на ден на Евро 2020, натпревар по натпревар, тие создадоа посебно чувство на тој турнир, сè уште не сум сигурен дали сегашниот тим може да биде толку добар, -заклучи легендата на Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни