Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Магдебург целосно разочара на Ф4, Кил си заминува со бронза од Келн

Објавено

на

Foto:x.com/thw_handball

Магдебург допатува во Келн како актуелен европски првак и голем фаворит да игра во ново финале, но Ф4 турнирот во Лигата на шампионите уште еднаш ни покажа дека ништо не може да се прогнозира во оваа фаза од турнирот.

По вчерашниот пораз од Алборг, играчите на Магдебург не пронајдоа доволно мотив за надигрување и денеска, па така завршниот турнир во ЛШ го завршуваат како најлош тим.

Кил имаше повеќе желба за бронзата и заслужено стигна до ова одличје, откако попладнево сосема заслужено го доби малото финале со резултат 32:28.

„Зебрите“ диктираа во најголем дел од мечот и само во завршницата имаше мала неизвесност, но сепак Магдебург потклекна во последните минути и не успеа да режира кам-бек откако на полувреме губеше со 23:14.

Предводници на Кил беа Швеѓаните Јохансон и Екберг со седум и шест погодоци, а седум гола постигна и Лукас Мертенс од редовите на Магдебург.

Следно на програмата е големото финале во Лигата на шампионите, а во истото силите ќе ги одмерат Алборг и Барселона (18:00 часот).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни