Поврзете се со нас

Репрезентација

Смилковски го скрати списокот на кошаркари за Европското првенство

Објавено

на

foto: kfsm.mk/

Селекторот на македонската репрезентација до 20 години, Боро Смилковски го скрати списокот на кошаркари на кои ќе смета за младинскиот Евробаскет, Дивизија А.

Од 24 играчи сега списокот брои 18, кошаркарки кои треба да се јават на првиот собир закажан за 10 јуни во СРЦ Кале.

Репрезентацијата првиот дел од подготовките ќе ги мине во Скопје, а потоа ќе замине во Црна Гора на два теста со домашната селекција. Потоа следи двомеч со Словачка на домашен паркет за да последната контрола биде против Швајцарија исто во нашата престолнина.

Само да потсетиме ЕП се игра од 13. до 21. јули во Полска.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

  1. Андреј Шошкиќ – Работнички
  2. Михаил Стојанов – ТФТ Mozzart
  3. Ненад Јовановиќ – Roseto Basket
  4. Рубин Стефанов – Pescara Basket
  5. Алек Петкоски – Феникс 2010
  6. Петар Бошалески – Работнички
  7. Лука Димитриевски – МКК Куманово
  8. Бојан Стојановски – МЗТ Уни Банка
  9. Ангел Кечовски – Ангели
  10. Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром
  11. Петар Башоски – Blanca de Castilla
  12. Григориј Јакимовски – Next Step Rapallo
  13. Никола Бојчев – Еуро Никел 2005
  14. Павел Иванов – Кожув
  15. Тома Стојаноски – Гостивар
  16. Виктор Стојковски – Навико Академија ФМП
  17. Метин Саити – Работнички
  18. Теодор Симиќ – Igokea
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни