Поврзете се со нас

Европски првенства

Јамал постави два рекорди, Шпанија рутински ја реши Хрватска во Берлин (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Репрезентацијата на Шпанија и одржа лекција на Хрватска (3-0) во првиот меч од групата Б на Европското првенство.

Многумина очекуваа далеку поизедначен, повозбудлив дуел во Берлин, но такво сценарио спречи „црвената фурија“ која го потопи противникот за едно полувреме.

Шпанците во првиот трипати го матираа Ливаковиќ, а стрелци на головите беа Мората, Руиз и дефанзивецот Карвахал.

За третиот гол асистенција забележа талентираниот Јамал кој со ова постави уште еден рекорд. Тој со 16 години и 338 стана најмладиот асистент во историјата на европските првенства, а претходно стана и најмладиот фудбалер кој настапил на ваков шампионат.

Хрватите на ова соочување имаа свои шанси кои не ги реализираа, плус во второто полувреме не искористија и пенал, меѓутоа ќе мора да поправат доста работи против Албанија и Италија ако сакаат да се пласираат во нокаут фазата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни