Поврзете се со нас

Шпанија

Шустер: Сите зборуваат за Мбапе, но забораваат што ќе загуби Реал ова лето

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Пристигнувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид сигурно ќе биде еден од најзначајните трансфери ова лето, а актуелниот европски првак може да биде задоволен од засилувањето кое ќе го добие со пристигнувањето на Французинот.

Сепак, поранешниот фудбалер на Реал и Барселона, Бернд Шустер, во својот коментар за ангажманот на Мбапе истакнал загриженост за иднината на Реал без Тони Крос.

– Сите зборуваат за доаѓањето на Мбапе, но Реал го загуби Крос, забораваме дека тоа ќе биде проблем за екипата на Анчелоти.

– Имам сомнеж за средниот ред на Реал, затоа што Крос беше многу важен во организацијата на нападите и екипата ќе загуби многу поради неговото отсуство, – рекол Германецот.

Шустер ја искоментирал и ситуацијата во Барселона, која повторно го промени тренерот.

– Според мене, проблемот на Барса не е во тренерот, никој не може лесно да ја поправи ситуацијата и попусто може да го менуваат тренерот секоја сезона. Екипата мора да располага со поголем квалитет за да се бори со оние кои се на врвот, – вели Шустер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни