Поврзете се со нас

Лига Европа

Познато какви зборови си размениле Гасперини и Чаби по крајот на големото финале (Видео)

Објавено

на

ЏанПјеро Гасперини конечно ги дочека моментите на голема слава и ги освои првиот голем трофеј во својата долга тренерска кариера, откако неговата Аталанта одигра перфектен меч во финалето на Лига Европа.

Италијанскиот претставник воодушеви во Даблин и му одржа лекција на Баер Леверкузен, а победата има уште поголемо значење ако се знае дека Аталанта играше против тим кој не знае за пораз цела сезона.

„Фармацевтите“ пристигнаа во Даблин со серија од 51 натпревар без пораз, но на крајот мораа да му честитаат на ривалот кој победи со 3:0 и кој стави крај на црната серија кога се финалињата во прашање.

За време на мечот, имаше мала тензија меѓу тренерите и Гасперини во првото полувреме го замолкнуваше Алонсо, но Шпанецот покажа дека е џентлмен по крајот на мечот и искрено му честиташе на својот постар колега.

Да биде уште поинтересно, медиумите од Италија и Шпанија ја пренесоа нивната конверзација, односно открија какви зборови со размениле двајцата стручњаци.

– Фантастичен натпревар, честитки. Навистина го заслужуваш ова, – му порачал Чаби на Гасперини, по што Италијанецот возвратил.

– Немој да менуваш ништо, направи нешто несекојдневно, – возвратил Гасперини, јасно алудирајќи на неверорјатната серија без пораз која ја имаше неговиот тим.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни