Поврзете се со нас

Германија

Баерн го продолжи договорот со најмалерозниот германски репрезентативец

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBayern

Александар Павловиќ доживеа голем пех откако отпадна од составот на германската репрезентација непосредно пред почетокот на Европското првенство, но Баерн Минхен реши да го подигне неговото расположение со продолжување на неговиот договор.

Германскиот клуб утринава објави дека Павловиќ го продолжил договорот со Баварците до 2029 година, со што Баерн потврди дека има долгорочни планови за фудбалерот кој е роден во Минхен.

– Очекуваме Алекс да биде еден од нашите најпрепознатливи и најважни играчи наредниот период.

– Павловиќ е профил на играч каков што клубот и навивачите секогаш посакуваат. Тој е роден во Минхен и стигна до првиот тим преку младинската академија, го носи Баерн во своето срце, – истакнал спортскиот директор Кристоф Фројнд.

– За жал, сонот да настапувам на ЕП на домашен терен беше уништен во последен момент поради проблемот со крајниците и тоа ме направи тажен. Но, сега сум многу среќен поради продолжувањето на договорот со Баерн, ова е сериозна потврда за довербата на клубот и сакам да се одолжам на истата, – изјавил Павловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни