Поврзете се со нас

Свет

Интер Мајами до драматичен триумф без Меси и Суарез, улогата на херој ја презеде друг Јужноамериканец (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси и Луис Суарез ќе настапуваат за своите репрезентации на Копа Америка, а тоа значи и дека Интер Мајами нема да смета на нивните услуги на натпреварите од МЛС кои се играат периодов.

Тренерот Тата Мартино може да биде задоволен од епилогот на гостувањето кај Филаделфија, иако неговиот тим стигна до победата на драматичен начин и со гол во самиот финиш.

Гостите од Флорида имаа негатива уште од 3. минута, израмнија на стартот на вториот дел, но во продолжение останаа со двајца играчи помалку поради исклучувањата на Руиз и Авилес.

Кога Јунион се обидуваше да го освои целиот плен, Интер Мајами реализираше контра која беше завршена од Лео Афонсо, бразилскиот фудбалер кој погоди во 94. минута за 1:2 и стана херој на гостинските фанови.

За разлика од јужноамериканските ѕвезди, стартери за Интер Мајами беа шпанските интернационалци Бускетс и Алба, кои веќе не настапуваат за својата репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни