Поврзете се со нас

Европски првенства

Ширер, Линекер, Руни, Рио: Легендите имаат различен став само за една позиција во англискиот тим

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Англиската фудбалска јавност е посебно возбудена и еуфорична во пресрет на првиот настап на репрезентацијата на ЕП во Германија, а избраниците на Герет Саутгејт вечерва имаат премиера во дуелот со Србија.

Стручните коментатори на „Би-Би-Си“ го истакнале својот „идеален тим“, односно единаесетте фудбалери со кои Саутгејт би требало да го започне натпреварот, а сите се согласуваат за десет од единаесет места во составот.

Рио Фердинанд, Гери Линекер, Алан Ширер, Мика Ричардс, Крис Сатон, Вејн Руни и Џо Харт се согласни дека на голот треба да биде Пикфорд, на стоперските позиции Гуеи и Стоунс, а на бековските Вокер и Трипиер.

Белингам и Рајс очекувано се идеален избор за средниот ред, а пред нив најчесто е триото Сака-Фоуден, додека во нападот гарантирано место има Хари Кејн.

Дел од легендите имаат различно мислење за последниот член на офанзивното трио зад Кејн, при што дел сметаат дека таму треба да биде Гордон, а дел Палмер.

Фердинанд, Линекер, Руни и Ширер даваат глас за Гордон, додека Сатон и Ричардс сметаат дека предност треба да добие младата ѕвезда на Челси.

Единствениот стручен коментатор кој вметнал друг фудбалер во составот е Харт, кој го уфрлил Трент Александер-Арнолд во средниот ред, па во неговата формација нема место за Гордон или Палмер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни