Поврзете се со нас

АТП

Руседски: Ако Ѓоковиќ може да бира…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ нема добра 2024 година, година во која нема ниту една титула, но и ниту едно одиграно финале.

Меѓутоа се уште има доста предизвици за Србинот во оваа кампања, два грен слема и секако тука се Летните Олимписки Игри во Париз.

Ноле во моментов е во процес на закрепнување по повредата и операцијата на коленото и неизвесно е дали ќе заигра на Вимблдон, меѓутоа повеќе е јасно е дека ќе биде спремен за ОИ во Франција каде не крие дека посакува да дојде до златен медал.

-Олимписките игри ќе бидат тешки, лекарите ќе мора да прават магија. Тој триумфираше на Австралија опен со скинат стомачен мускул. Како го направи тоа? Тоа е натчовечко.

-Да му дадете избор – три грен слем титули или олимписко злато, тој би избрал медала, -вели Грег Руседски кој во кариерата освои 15 титули и своевремено беше четврти најдобар тенисер на светот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни