Поврзете се со нас

Германија

Дортмунд има јасна идеја за наследник на Терзиќ

Објавено

на

foto: x.com/BlackYellow

Борусија Дортмунд во текот на вчерашниот ден остана без тренерот Един Терзиќ кој реши да се повлече од функцијата, поточно побара од управата соработката да биде прекината и по направените интерни разговори клубот му ја исполни желбата.

Сега бундеслигашот ќе мора да пронајде соодветно решение, наследник кој ќе може да одговори на барањата, амбиции со тоа што „милионерите“ како што информира „Билд“ веќе имаат јасна цел, идеја околу тренерската позиција.

Фаворит за испразнетото место е Нури Шахин кој досега му беше асистент на Терзиќ, односно тој заедно со Свен Бендер можат да добијат позначајни фунции и да ја водат екипата.

Нури е легенда на Дортмунд, мина долги години на „Сигнал Идуна Парк“ за да по завршувањето на активната играчка кариера му се посвети на тренерскиот занает. Тој досега самостојно има водено само еден клуб Анталијаспор од 2021 до 2023 година каде оствари победи на 46.81 проценти од натпреварите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни