Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“: Двајца ветерани на Реал ставија потпис на нов договор, третиот пред преселба во Саудиска Арабија

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид по 15-ти пат во својата историјата ја освои титулата во Лигата на шампионите и потврди дека е недопирлив во финалињата во Европа, а после цело големо славје на Сибелес и „Бернабеу“, Флорентино Перез и неговите соработници почнаа со плановите за новата сезона.

Неколку дена по финалето, Реал официјално го потврди Килијан Мбапе како големо летно засилување, но работата на директорите не завршила тука, бидејќи во наредниот период ќе бидат потврдени уште две важни операции.

Перез пронашол заеднички јазик со ветераните Лука Модриќ и Лукас Васкез и двајцата договориле нов едногодишен престој во клубот, што автоматски ќе направи Хрватот а стане највозрасниот фудбалер кој заиграл за Реал, надминувајќи го Ференц Пушкаш.

Како што информира „Марка“, двајцата се согласиле на намалување на платите со единствена цел да останат во Реал, но за разлика од нив, третиот ветеран не е толку блиску до останување.

Истиот извор тврди дека Начо е се поблиску до напуштање на матичниот клуб, односно се поблиску до егзотична авантура и преселба во Саудиска Арабија. Според информацитее, стоперот на маса има понуда која не се одбива, а истата доаѓа од Ал Итихад чиј член е и Карим Бензема.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни