Поврзете се со нас

Италија

Меси го одобри големиот талент на Интер: Поседува неверојатен квалитет

Објавено

на

Foto:x.com/Argentina

Валентин Карбони е талентиран 19-годишен фудбалер кој изминатава сезона ги бранеше боите на Монца, но всушност е фудбалер на Интер и во иднина се очекува да биде важен дел од ротацијата на Симоне Инѕаги.

Крилниот напаѓач е дел од аргентинскиот тим за Копа Америка и рано утрово беше стартер против Гватемала, па покрај добрите движења по десната страна, се избори и за пенал по додавањето од Лео Меси.

Тинејџер се уште е во фаза на развивање и допрва ќе треба фудаблски да се изгради, но Меси гледа голем потенцијал во фудбалерот на Интер и не крие дека е импресиониран од него.

– Валентин е сегашност во фудбалот и има светла иднина. Мора да добиеме предност со него на теренот, треба да го искористиме во секој поглед. Има многу млади фудбалери кои доаѓаат гладни во репрезентацијата. Откако сме во Америка, тој тренира напорно и покажува како може да помогне.

– Го гледав уште додека играше за младинскиот тим, но многу созреал. Тој сега е многу поразличен фудбалер, подобро истрениран и со неверојатен квалитет, – изјави Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни