Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите ја забележаа првата победа во Европската златна лига

Објавено

на

foto:www.facebook.com/volleyballmkd

Македонската одбојкарска репрезентација ја запиша првата победа во Европската златна лига и тоа во Беверен каде ја совладавме селекцијата на Азербејџан со 3-0 во сетови.

Нашите репрезентативцки потврдија дека се далеку поквалитетни, подобри од денешниот ривал на кого не му дозволија да ја мине границата од 18 поени.

Првиот сет избраниците на Наковски го добија со 25:17, резултат со кој беше решена и втората рунда.

Многу блиску до ист исход бевме и во третиот сет каде сепак репрезентацијата на Азербејџан освои еден поен повеќе.

Савовски и Ѓоргиев со по 15 поени беа најдобри во нашата селекција која утре ќе ги одмери силите со домаќинот Белгија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни