Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА ги избра тимот на сезоната и најдобриот играч во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Два дена по големото финале во Лигата на шампионите, УЕФА ги објави резултатите од гласањето на експертите и милиони фудбалски фанови, по кое ги дознавме најдобрите поединци и најдобриот тим во најелитното натпреварување.

Европската фудбалска Федерација го избра Винисиус Жуниор за играч на сезоната во Лигата на шампионите, а Бразилецот се најде и во идеалната 11-ка за сезоната која штотуку заврши.

Вини е еден од четворицата играчи на Реал кој се најдоа во најдобриот тим, а интересно имаше место и за четворица играчи на европскиот вицешампион, Борусија Дортмунд.

Покрај Бразилецот, претставници на Реал во идеалните 11 се Ридигер, Карвахал и Белингам, додека Англичанецот е избран и за најдобар млад играч.

Претставници на Борусија Дортмунд се Кобел, Хумелс, Матсен и Забицер, а најдобрите 11 ги комплетираат Фоуден од Сити, Витиња од ПСЖ и Кејн од Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни