Поврзете се со нас

Италија

Спалети се налути по победата над Албанија: Не може оваа Италија да зависи само од еден играч

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Италија доста потешко од очекувањата се справи со Албанија и потсвесно го бранеше водството од 2:1 во второто полувреме, но најважно е тоа што „аѕурите“ освоија три бода и со победа ја отворија одбраната на титулата.

Лучано Спалети може да биде задоволен од добар дел од работите во конструкцијата на играта, но не и на идеите во самата завршница, бидејќи Италија во првиот дел беше селекција која можеше да го наполни голот на Албанија.

Италија направи пресврт во период од пет минути, а селекторот Спалети не остана воодушевен од заклучокот на италијанските новинари, кои заклучија дека цела игра на националниот тим се врти околу Николо Барела.

Ѕвездата на Интер не беше подготвена и ги пропушти двата подготвителни натпревари за Европското првенство, но вчера беше стартер и направи главна разлика со голот за 2:1.

– Видовме доста добри работи на првиот меч, но тие добри работи треба да не однесат до некаде, инаку се ќе биде бесмислено. Имавме многу шанси да ги казниме и да ги затвориме, но не бевме доволно одлучни. Правевме добра подготовка за гол, а потоа ја враќавме топката назад.

– Барела? Репрезентацијата мора да функционира без било кој поединец. Не ми се допаѓа идејата која ја наметнувате, не ми се допаѓа да зависиме само од еден играч, – изјави Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни