Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ почна да тренира со висок интензитет девет дена по операцијата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Докторот кој го оперираше Новак Ѓоковиќ веќе порача дека Србинот е медицински феномен поради тоа што доиграл меч со искинат менискус, а големиот тениски рекордер го оправдува ваквиот статус и со прогресот кој го бележи во првите десет дена.

Ноле не излезе на терен во четвртфиналето на Ролан Гарос поради повреда на десното колено и експрерсно го санираше проблемот со хируршки зафат, но само девет дена подоцна, веќе тренира со висок интензитет.

Ѓоковиќ сподели како минува првата фаза од неговата рехабилитацијата и првите видеа се навистина оптимистички, бидејќи Новак веќе без проблеми вози точак и го тегне коленото.

Фантастичниот Србин не го загуби ведриот дух и по големото разочарување кое го доживеа на Ролан Гарос, па од видеото може да се заклучи дека со голем оптимизам го чека тоа што следи.

Ѓоковиќ е во трка со времето и најверојатно нема да ризикува со настап на Вимблдон, но со оглед на почетниот прогрес, се поизвесно е дека ќе настапи на Олимписките игри кои се негова примарна цел од стартот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни