Поврзете се со нас

Свет

Ристовска „леташе“ по теренот, ЦСКА преку драма до одбрана на пехарот во Русија

Објавено

на

foto: x.com/whccska

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска со ЦСКА Москва успеа да ја одбрани титулата во Русија

Клубот од руската престолнина излезе како победник во драмата со Ростов, драма која донесе продолженија по кои домашните ракометарки беа подобри со 8:6 за конечни на крајот 33:31.

Со ова ЦСКА со 2-0 ја доби финалната серија и со тоа потврди дека е најдобар клуб во земјата со оглед на тоа што претходно го грабна пехарот и во Купот.

Ристовска блескаше и во последниот меч за сегашниот тим даде осум голови од десет обиди.

Само за потсетување Сара од наредната сезона ќе игра во Романија во Рапид Букурешт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни