Поврзете се со нас

Лига Европа

Гасперини објасни како го надмудри Алонсо: Ги простудирав нивните натпревари и заклучив едно нешто

Објавено

на

Foto:x.com/EuropaLeague

ЏанПјеро Гасперини заврши со митот за непобедливоста на Баер Леверкузен и им го нанесе првиот пораз на „фармацевтите“ оваа сезона, а тоа значеше дека неговата Аталанта го освојува првиот трофеј по далечната 1963-та година.

Гасперини ја освои првата голема титула во кариерата и тоа е само награда за извонредната работа во изминатите осум години, која вчера кулминираше со сензационална игра и победа од 3:0.

Аталанта го надигра германскиот шампион во секој поглед и тимот на Чаби Алонсо изгледаше непрепознатливо на теренот, а главна причина за тоа е поставеноста на играчите и високиот пресинг кој го играа избраниците на Гасперини.

Во анализата за големото финале, ЏанПјеро откри дека прецизно го простудирал тимот на Чаби, по што утврдил дека најмногу штета ќе му направат со агресивен и офанзивен пристап во нивната половина.

– Направивме историја, но начинот на кој го направивме тоа беше неверојатен. Ги повторивме изданијата од натпреварите со Ливерпул и Спортинг. Леверкузен издоминира во Германија и морам да им честитам на моите играчи за неверојатното издание. За да победите во едно финале, мора да прикажете добар фудбал.

– Потребен ни беше напаѓачки пристап, немаше да поминеме добро ако се браневме. Добро знаеме дека овие тимови се многу добри кога напаѓаат, но не се толку добри кога ги принудувате да се бранат. Победивме многу силен тим и тоа го направивме без никаква дамка. Ги простудиравме сите нивни натпревари, а посебно ги анализиравме двата меча против Рома во полуфиналето и заклучив дека треба да ги нападнеме во нивната половина. Тоа многу ни помогна, но исто така игравме против нив во Лига Европа и пред две години. Шест или седум играчи уште се дел од тимот и знаевме како да им направиме проблем, – изјави Гасперини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни