Поврзете се со нас

Формула 1

Луда трка во Канада, Ферстапен е број еден

Објавено

на

foto: x.com/autosport

Актуелниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен се избори за победа на лудата трка која вечерва се одржа во Монтреал за Големата награда на Канада

Многу работи се случија на стазата „Жак Вилнев“, дожд, сонце, инциденти, претекнување, активирано во повеќе наврати беше и безбедносното возило, а во сите овие услови најдобро се снајде возачот на Ред Бул.

Ферстапен ја започна оваа трка од второто место, но напредуваше и уште еднаш дојде до врвот на подиумот или поточно ја забележа шестата сезонска победа, вкупно 60-та во кариерата.

Зад него остана Норис од Мекларен, додека трет беше Расел од Мерцедес.

Бодови освоија уште Хамилтон, Пјастри, Алонсо, Строл, Рикардо и Гасли, Најголемо разочарување викендов беше Ферари кој и вчера беше очаен во квалификациите, вечерва пак трката не ја завршија ниту Шарл Леклер ниту Карлос Саинц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни