Поврзете се со нас

Шпанија

Валверде за престојот во Реал: На почетокот му бев бесен на Анчелоти

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Федерико Валверде стана важен дел од актуелната генерација на Реал Мадрид, која последната сезона ја заврши како шпански и европски првак, а во последното интервју признал дека требало да помине време пред да ги разбере одлуките на Карло Анчелоти.

Уругвајскиот репрезентативец се подготвува за настап на Копа Америка, а во интервјуто за федерацијата зборувал и за статусот во Реал.

– Научив да го вреднувам фактот дека можам да играм на различни позиции на теренот.

– На почетокот му бев бесен на Анчелоти и се прашував зошто морам да менувам позиции.

– Но, со време научив и сфатив дека треба да ги ценам одлуките на тренерот, а станав и позрел во многу аспекти од играта. Не е лесно да играш за Реал, треба да издржиш и да не ја испуштиш таа шанса, – рекол Валверде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни