Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пелистер бара вајлд карта за ЛШ, конкуренцијата е жестока

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Европската ракометка федерација (ЕХФ) потврди дека Еурофарм Пелистер е една од екипите која бара вајлд-карта за место во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2024/2025.

Вкупно дваанесет клубови бараат специјална покана за најквалитетното европско клупско натпреварувања, но само седум од нив ќе добијат можност да им се приклучат на веќе сигурните Барселона, Алборг, Пари Сен Жермен, Магдебург, Фуксе Берлин, Веспрем, Колштад, Висла Плоцк и Спортинг.

Конкуренција на „зелено-белите“ од Битола се екипи како Пик Сегед, Нант, Кјелце, Порто, Загреб, а тука се и амбициозниот Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен, Фредериција од Данска, Бидасоа Ирун од Шпанија, Елверум и Татран Прешов.

ЕХФ ќе ги објави листата на добиени вајлд карти на 21 јуни, додека на 27 јуни во Виена е закажана ждрепката за групите за новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни