Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија до 19 години претрпе пораз на втората контролка во Грузија

Објавено

на

Во ист термин кога најсилната македонска репрезентација играше против Чешка, селекцијата до 19 години го одигра вториот контролен меч против Грузија, но за разлика од првиот, овој денеска го загуби со резултат 2:0.

Пред два дена Македонија одигра 0:0 против своите врсници, па денеска селекторот Вујадин Станојковиќ реши да им даде шанса и на помлади фудбалери кои следната сезона ќе бидат дел од У-19 тимот.

Тоа придонесе да видиме и една голема грешка при вториот гол кој го постигнаа домаќините преку Амисулашвили, кога домашниот фудаблер доби подарок од Незир и голманот Вргов.

Претходно, Грузија стигна до водство со гол од белата точка кој беше дело на Самушиа, па по вториот гол, стана јасно дека нашите надежи ќе претрпат пораз.

Натпреварот се играше на стадионот „Давид Петриашвили“ во Тбилиси, а оваа средба послужи како добар тест за смената на генерација која следи во овој младински тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни