Поврзете се со нас

Германија

Борусија го потврди наследникот на Терзиќ

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд не чекаше премногу за да го потврди новиот тренер, односно наследникот на Един Терзиќ, кој реши да се повлече од својата функција.

Европскиот вицешампион денеска потврди дека нов предводник на „милионерите“ ќе биде Нури Шахин, поранешниот играч на оваа екипа и човекот кој минатата година му се приклучи на стручниот штаб на Терзиќ.

Уште по овој потег на Борусија се зборуваше дека раководството го подготвува идниот тренер на екипата, а тоа се потврди откако човекот кој го одведе бундеслигашот до финале во ЛШ, реши да побара крај на соработката.

Поранешниот турски репрезентативец Шахин, забележа дури 274 настапи за Борусија и освои по еден трофеј во германското првенство и купот.

Претходно го водеше турскиот клуб Анталијаспор, од јануари му стана асистент на Терзиќ, за сега да ја добие првата тренерска работа во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни