Поврзете се со нас

Македонија

Новиот прволигаш Беса претстави три засилувања во еден ден

Објавено

на

Екипата на Беса не ги крие своите големи амбиции за првата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а денеска промовираше три нови засилувања.

Беса најпрвин го потврди пристигнувањето на искусниот голман Костадин Захов, кој доаѓа од редовите на Воска Спорт и има навистина големо искуство во ПМФЛ, каде настапуваше за повеќе клубови и освои многу трофеи.

Нов член на идниот прволигаш ќе биде и Меџит Незири, исто како и Горан Силјановски, кој вечерва исто така е потврден како засилување за составот на Беса.

Незири ќе ја засили одбраната и со себе го носи искуството од настапите во неколку македонски клубови и освојувањето трофеи со Струга, но и интернационалните настапи.

Последен клуб на Силјановски пак беше Брегалница, а претходно настапуваше и за Работнички, Ренова, Вардар и Македонија ЃП.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни