Поврзете се со нас

АБА лига

Стигна и официјална потврда: Дубаи ќе игра во АБА лигата

Објавено

на

foto: x.com/ABA_League

Тоа што веќе некое време се најавуваше сега доби и официјална потврда, тимот на Дубаи ќе игра во АБА лигата од натпреварувачката 2024/2025.

Се работи за проект кој се „крчкаше“, проект за кој беше дадено зелено светло од собранието на АБА-лигата по што беше потпишан повеќегодешен договор.

-Влегувањето на КК Дубаи во семејството на АБА е посебен спортски и деловен потфат. Тоа претставува визија што клубовите во АБА ја препознаа како идеална можност за постигнување две цели. Првата е да се зголеми квалитетот на натпреварувањето, а втората да се отвори вратата за нов пазар, со што ќе се забрзаат напорите на АБА лигата да стане натпреварување кое ќе генерира поголем профит за акционерите, -истакна директорот на лигата, Дубравко Кметовиќ.

Повеќе информации за проектот се очекуваат да бидат соопштение на пресот најавен за 28 мај во Белград.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни