Поврзете се со нас

Свет

Митревски блескаше, но Спортинг го „грабна“ трофејот во Купот на Португалија

Објавено

на

Екипата на Спортинг доби уште една битка со Порто, победа која овојпат значeше освојување на трофејот во Купот на Португалија.

Во големото финале „зелено-белите“ славеа со 34:30 и со тоа потврдија дека се најдобра екипата во земјата во кампањата 2023/2024. Спортинг клучната предност ја создаде во првиот дел кој го реализираше со 18:14 и потоа го контролираше резултатот и дојде до триумфот, трофејот број 18 во историјата.

Нашиот репрезентативец Никола Митревски блескаше во последниот настап за Порто со 15 интервенции или 36 одбранети удари, но тој и Руи Силва кој даде 10 голови не беа доволно за освојување на ова натпреварување.

Само за потсетување Митревски во наредната сезона ќе го гледаме во Македонија затоа што потпиша договор со актуелниот првак Еурофарм Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни