Поврзете се со нас

Евролига

Атаман ја посвети освоената титула: Сигурен сум дека ова го виде

Објавено

на

foto: x.com/paobcgr

Панатинакос го совлада Реал Мадрид и ја освои титулата во Евролигата, успех кој уште еднаш потврди дека Ергин Атаман е еден од најдобрите европски тренери.

Атаман во својата прва сезона на клупата на „детелинките“ направи резултат за историја со оглед на тоа што беа донесени многу нови играчи, ова беше сосема нов тим кој на крајот пронајде решение за „кралевите“ и по подолга пауза се искачи на врвот во Европа.

-Ова се неверојатни емоции. Ние сме околу 15.000 луѓе овде во Берлин. Го заслуживме тоа цела сезона. Имавме одлична сезона. Вечерва губевме со 15 поени, им дозволивме да постигнат 36 поени во првата четвртина, но се вративме. Ова е неверојатно. Многу сум среќен и горд, -порача Атаман кој победа му ја посвети на починатиот татко.

-Знаете дека го загубив татко ми пред еден месец. Сигурен сум дека ова го виде. Беше со мене на сите титули со Анадолу Ефес. Сега, уште еднаш, благодарам на сите грчки и турски навивачи. Мислам дека беше еден од најимпресивните резултати на европската кошарка да се води тим од 17-та позиција да ја освои титулата за една година, -заклучи Турчинот за кого ова беше трета титула во Евролигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни