Поврзете се со нас

Македонија

Охрид се засили со поранешен голман на Вардар и Пелистер: Ова е клуб со амбиции…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

ГРК Охрид од сезона во сезона напредува и има се поголеми амбиции, па дефинитивно ќе игра важна улога во домашниот ракомет и во натпреварувачката 2024/2025.

Уште една потврда за тоа е денешниот потег, официјализирањето на трансферот на искусниот Градимир Чаневски кој во минатото беше дел од Вардар, Еурофарм Пелистер и Металург.

Последниот ангажман го имаше во Макаби Ришон каде имаше одлични изданија, поточно од Израел се враќа во Македонија во амбициозниот Охрид со кого потпиша двегодишен договор.

-После две години во странство се одлучив за ГРК Охрид. Задоволство ми е што во наредните две сезони ќе бидам член на Охрид, бидејќи тоа е клуб кој одлично е организиран и менаџиран, пополнет со квалитетен кадар како играчки, така и во стручниот штаб и управата. Клуб со амбиции кои со работа верувам дека ќе се остварат, -порача Чаневски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни