Поврзете се со нас

Балкан

Гатузо ќе седне на клупата на Хајдук

Објавено

на

Foto:twitter.com/OM_English

Италијанскиот стручњак Џенаро Гатузо ќе биде нов тренер на Хајдук, објави вечерва хрватскиот клуб.

Сплитските „били“ долго беа во потрага по долгорочно решение за тренерската функција, а последно име кое се споменуваше и кое наводно откажало во последен момент, беше Иван Јуриќ.

Хрватскиот стручњак на крајот одлучи сепак да не се врати во родниот град, а Никола Калиниќ и соработниците го убедиле Гатузо да се пресели во Далмација.

Гатузо ќе биде официјално промовиран на почетокот на подготовките, а негов последен клуб беше Олимпик Марсеј, каде заработи отказ во текот на последната сезона.

Италијанскиот стручњак изминатите десет години работеше како тренер во повеќе земји, а единствениот трофеј му е со Наполи во италијанскиот Куп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни