Поврзете се со нас

Европски првенства

Србија заслужи повеќе во Гелзенкирхен, голот на Белингам доволен за минимална победа на Англија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/England

Србија одигра многу лоши 20 минути на стартот од мечот во Гелзенкирхен, а тоа на крајот ги чинеше непосакуван старт и минимален пораз од еден од главните фаворити за највисок пласман на Европското првенство.

Англија ја притисна Србија од почетокот на мечот и изгледаше доминантно во воведната фаза, период во кој постигна и гол преку Џуд Белингам за водство од 1:0. Во тие моменти се чинеше дека „орлите“ ќе минат навистина лошо со тимот на Герет Саутгејт, но лошиот старт се претвори во повеќе од достојно издание, бидејќи избраниците на Драган Стојковиќ одиграа многу похрабро и поодлучно.

Србите излегоа со јасна намера во вториот дел да се вратат во игра и да постигнат гол, но такво нешто не дозволи Пикфорд кој беше на висина на задачата.

Од другата страна, Англија одигра навистина прескромни втори 45 минути и создаде само една шанса, но ударот на Хари Кејн заврши во гредата, откако претходно интервенција имаше и Рајковиќ.

Завршницата од мечот им припадна на Србите и реално гледано заслужија повеќе од минималниот пораз, но сега „орлите“ ќе мора да се регрупираат и да ги бараат бодовите на следните два меча во групната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни