Поврзете се со нас

Балкан

Просинечки за шокантната смрт на неговиот репрезентативец Шаркиќ: Тешко се наоѓаат вистинските зборови

Објавено

на

Информацијата за смртта на 26-годишниот Матија Шаркиќ, предизвика голем шок во регионот, но и на европската фудбалска сцена, а последен поздрав до одличниот црногорски голман испратија од федерацијата, неговиот актуелен клуб Милвол, како и од клубовите кои настапуваше во минатото.

Со своја прва изјава излезе и црногорскиот селектор, Роберт Просинечки, кој и самиот веруваше многу во квалитетите на Шаркиќ и му даде шанса и на пријателскиот натпревар со Белгија.

– Се разбудив пред седум часот со најлошата можна информација која можев да ја добијам.

– Во шок сум, многу луѓе ми се јавија, но не знам што да им кажам.

– Матија беше одличен на тренинзите, прекрасна личност, му беше посветен на фудбалот и во овие моменти не тешко можам да најдам зборови за да опишам што чувствувам. Сочувство на најблиските, ова е голема загуба, – изјавил Просинечки.

Трагедија во Црна Гора: Пред неколку дена воодушеви против Белгија, рано утрово починал во својот апартман!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни