Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Судбината сакаше да остане без трофејот во ЛШ: Како заврши последниот шут на Хансен на Ф4 во Келн (Видео)

Објавено

на

Микел Хансен ги освои сите најважни трофеи на репрезентативен план и ги собра сите златни одличја, па иако имаше и извонредна и блескава кариера на клупски план исполената со многу титули, на крајот истата ја завршува без најпрестижниот во Европа.

Легендарниот Данец ќе го игра последниот турнир во кариерата на Олимписките игри, а вчера за последен пат беше дел од едно големо финале во Лигата на шампионите.

Како предводник на Алборг, Хансен имаше шанса да дојде до прв трофеј во Лигата на шампионите на својот последен настап во ова натпреварување, но колку овој турнир беше проколнат за него, најдобро ни опиша драматичната завршница.

Во еден крајно израмнет меч, Алборг доби шанса за слободен удар по истекот на времето, а одговорноста ја презема еден од најдобрите ракометари на сите времиња.

Хансен до тој момент од мечот беше најефикасен со осум гола, па иако имаше лукав обид да стигне до деветти, топката заврши во гредата и тука спласнаа сите надежи дека ќе стигне до единствениот трофеј кој му недостасува.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни