Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите пропуштија две меч топки, па загубија од Белгија

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Белгија во мечот од 4. коло во Европската златна лига.

Голема борба се водеше во Беверен, вистински трилер во кој бевме во позиција да направиме изненадување и славиме со 3-2, ама не ги искористивме нашите шанси и на крајот домаќинот се избори за конечна победа.

Белгијците ги добија првиот и третиот сет, ние одговаравме во вториот и четвртиот за да во решавачната рунда диктираме темпо, водиме и со четири разлика, меѓутоа домашните одбојкари се врати и се влезе во егал завршница во која ние не искористивме две меч топки и на крајот стигна казна за 17-15 и конечни 3-2 (25-22, 22-25, 25-17, 24-26,17-15)

Капитенот Ѓоргиев се истакна со 28 поени, а двоцифрен беше и Савовски со 10 поени.

Сега популарните „спартанци“ имаат учинок 1-3, следниот натпревар го играме против Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни