Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ доби посебен мотив за игра пред легендарниот капитен на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ кошаркарски експлодираше во првото полувреме против Бостон и успеа да го води својот Далас до прва победа, а очигледно имаше голема инспирација да ја прекине лошата серија на Маверикси.

Словенецот имаше дополнителна мотивација да се покаже во најдобро светло поради посетата на Серхио Рамос, легендарниот капитен на Реал со кого поделија симпатични моменти.

Двајцата се познаваат од времето кога беа дел од кошаркарскиот и фудбалскиот тим на Реал, па новата средба во Америка ја искористија за да си разменат низа подароци.

Рамос навистина не се штедел и му подарил дресови од Шпанија, Севилја и Реал Мадрид, додека за спомен добил и копачки во црвена боја.

Дарежлив бил и Дончиќ кој подготвил два дреса, а на едниот напишал и специјална порака.

– За капитенот!! Со многу љубов од Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни