Поврзете се со нас

ВТА

Разиграната Швјонтек продолжи да гази и обезбеди трето финале во низа во Париз (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек ја продолжи својата импресивна серија во Париз и обезбеди ново финале на Ролан Гарос.

Ига трета година по ред ќе се бори за пехарот на Френч Опен, а за да стигне до истото денеска ја доби Коко Гоф. Американката се обидуваше да парира, вистински да и се спротистави на Швјонтек која пак секогаш имаше соодветни решенија, подобри потези и со 6:2, 6:4 се пласираше во наредната фаза.

Ова за неа беше 20. победа во низа на Ролан Гарос со што стана само петта тенисерка со ваков учинок во Опен ерата по Крис Еверт, Моника Селеш, Жастен Eнен и Штефи Граф.

За завршен ривал на турнирот ќе го има подобриот од Паолини-Андреева.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни