Поврзете се со нас

Шах

Потег за почит: Шаховските ветерани во мисија да го развиваат младинскиот шах!

Објавено

на

Ветераните на македонскиот шах, кои се обединети во Здружение „Скопје 72“, кое симболично потсетува на некогаш одржаната Шаховска олимпијада во македонскиот главен град, потпишаа Меморандум за соработка со Шаховскиот клуб „Гази Баба 1976“ кој е познат по своите активности во младинскиот шах.

Еден од најбројните младински турнири секоја пролет се организира во Основото училиште „Наум Наумовски – Борче“, а освен тоа ШК „Гази Баба 1976“ одржува и шаховска школа во рамки на училиштето.

Со потпишаниот меморандум се предвидува двете страни во своите годишни програми да внесат активности со кои ќе се имплементира и промовира шаховската игра, преку турнири во поединечна и екипна конкуренција, како и едукативни предавања, размена на искуство и обработка на шаховски теми, па се до можност ветераните да бидат ангажирани и како тренери.

Освен учество на турнирите, ветераните ќе се претставуваат пред младите шахисти со свои партии од минатото, како и со свои анализи за некои отворања или славни партии од шаховската историја.

Меморандумот за соработка во име на двете страни го потпишаа претседателот на Здружението на шаховски ветерани „Скопје 72“, Илија Стошевски, а од страната на ШК „Гази Баба 1976“ е Јовица Николовски.

Воедно, од страна на еден од најактивните македонски шахисти и ветерани, Љубомир Хаџи Манев, беше направен и симболичен гест со донација на неговата книга за дописниот шах во Македонија за библиотеката на ШК „Гази Баба 1976“.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни