Поврзете се со нас

Олимписки игри

Меси ја објасни одлуката: ОИ се посебни, поразлични од било што друго…

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси со својата Аргентина се подготвува за Копа Америка, настан на кој целта е да се дојде до уште еден пехар.

Секако за да се случи тоа Меси мора да биде највисоко ниво, поточно одново да ја има улогата на лидер на теренот и надвор од него иако овој месец ќе го прослави 37 роденден.

Во исто време додека е ставен фокусот на турнирот, ѕвездата на Интер Мајами обелодени дека нема да биде дел од олимписката селекција на „гаучосите“ во Париз.

Лео се споменуваше како играч кој може да настапи, помогне, меѓутоа со оглед на сите околности офанзивецот се реши да остави простор на други асови затоа што ќе биде премногу во кратко време да игра на два турнири и со тоа да го остави во втор план неговиот клуб.

-Разговарав со Маскерано и вистината е дека и двајцата ја разбравме ситуацијата. Тешко е [да се размислува за Олимпијадата во моментов] бидејќи сме на Копа Америка. Тоа би било два, три месеци последователно да не бидам во клубот, а повеќе од сè, не сум на возраст да бидам во се. Морам да бирам внимателно, би било премногу да играм два турнири по ред.

-Имав многу среќа да играм на Олимпијадата, што триумфирав заедно со Машче. Тоа беше прекрасно искуство на фудбалски план. Олимпијада, У20, спомени кои никогаш нема да ги заборавам. Спектакуларно е да имаш доволно среќа да поминеш низ сето тоа. Се надевам дека момците кои ќе одат ќе уживаат во тоа на ист начин како и јас затоа што е посебно. Олимпијадата е посебна, различна од било што друго, -порача Лео кој има златен медал од игрите во 2008 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни