Поврзете се со нас

Македонија

Џиџи назначен за нов тренер на Охрид

Објавено

на

Искусниот македонски стратег, Никола Илиевски-Џиџи е назначен за нов тренер на второлигашот ГФК Охрид Лихнидос.

Џиџи долго време е на фудбалската сцена во која во нашата земја има работено во многу клубови меѓу кои и најтрофејниот Вардар, потоа беше селектор на младата и сениорската репрезентација на Македонија, а може да се пофали и со меѓународно искуство во Словенија, Романија, Албанија, Индонезија, а беше и предводник на Бангладеш.

Неговиот ангажман треба да биде од големо значање за Охрид кој кампањата 2023/2024 ја заврши на петтото место на табелата со 45 освоени бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни