Поврзете се со нас

Македонија

Првиот човек на Шкупи најави повлекување: Нема да бидеме дел од оваа игра

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcshkupi1927

Претседателот на македонскиот прволигаш Шкупи најави дека клубот може и да се повлече од системот на натпревурување, бидејќи е незадоволен од начинот на кој се однесува актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија.

Турскиот бизнисмен Олгун Ајдин кој е предводник на составот од „Чаир“ денеска со соопштение на клупските профили на социјалните мрежи го истакна своето незадоволство и најави дека би се согласил и на продажба на Шкупи, доколку се појави некој кој сака да ја плати вистинската вредност на клубот.

– Во овој момент, ние сме уморни од нашите напори постојано да се компромитираат и нашата работа постојано да оди на отпад.
Не сакаме да го доживееме ова повторно, не сакаме да го толерираме повторно, и нема да го направиме тоа.
Немаме доверба во сегашниот фудбалски систем и сегашната Фудбалска федерација. Причините за тоа и се познати на целата јавност.

– Нема да бидеме во оваа игра се додека останува сегашната фудбалска федерација. Ние нема да го жртвуваме нашиот труд на ничија фикција. Како прва опција е очигледна вредноста на нашиот клуб, доколку се појави заинтересиран човек кој веруваме дека ќе го цени нашиот клуб и ќе додаде нешто на него, ние сме отворени за трансфер на клубот.
Доколку тоа не се случи, доколку не се најде човек кој дава вредност, решени сме да направиме пауза додека не се промени оваа Федерација. Не сакаме да бидеме во фудбалот што го води оваа федерација и нема да бидеме, вели Ајдин во својата изјава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни