Поврзете се со нас

Формула 1

Поранешен Ф1 шампион го критикува Перез: Тоа што го прави веќе е недоволно

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/redbullracing

Серхио Перез доби нов договор од Ред Бул и може спокојно да ја продолжи актуелната сезона во Формула 1, но тоа нема да го спаси од се почестите критики поради неговата форма.

Мексиканецот освои само 16 поени на последните три трки и им дозволи на болидите на останатите екипи да му се доближат на Макс Ферстапен, правејќи ја и поинтересна битката за титулата кај конструкторите.

Поранешниот светски шампион Дејмон Хил е меѓу најгласните критичари на „Чеко“ во моментов.

– Болидот на Ферстапен и натаму е доминантен, но Ферари и Мекларен имаат по двајца возачи кои не размислуваат кога може да се нападне. Не сум сигурен дека истото важи и за Перез.

– Ред Бул во моментов како да се трка со „една нога“, веќе не е доволно Перез да биде три десетинки поспор од Ферстапен, бидејќи веќе има многу болиди кои се на таа оддалеченост од шампионот, – вели Хил.

Ферстапен и натаму има предност, но од само 31 поен во однос на Шарл Леклер, додека предноста на Ред Бул е само 24 поени во однос на Ферари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни