Поврзете се со нас

Англија

Брајтон го доби најмладиот менаџер во историјата на Премиер лигата

Објавено

на

foto:x.com/FabrizioRomano

Премиерлигашот Брајтон некое време беше во потрага по адекватна замена за Роберто Де Ѕерби кој го напушти клубот по натпреварувачкаѕа 2023/2024.

Брајтон внимателно го бираше новиот менаџер и на крајот се одлучи за потег со кој е испишана нова страница во англискиот фудбал затоа што назначен тренер кој е најмлад во историјата на Премиер лигата.

Се работи за 31-годишниот Фабијан Хирцелер кој досега има работено само во Германија, а најголемиот успех му е титулата со Сент Паули во втората лига, односно тоа што успеа да му обезбеди елитен фудбал на овој клуб за кампањата 2024/2025.

-Апсолутно сум воодушевен што ќе бидам нов тренер на Брајтон. По разговорот со Тони [Блум], Пол [Барбер] и Дејвид [Вир] беше јасно дека се многу амбициозни. Брајтон има уникатна историја и храбра визија за иднината, па јас сум навистина возбуден што ќе бидам дел од проектот.

-Клубот постигна неверојатен напредок во последните неколку сезони и целта е да продолжи да се гради на тој успех. Уживам во можноста да бидам тренер во Премиер лигата и едвај чекам да се сретнам со играчите, персоналот и се разбира навивачите, -порача Фабијан кој доби договор до јуни 2027 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни