Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за најспецијалниот летен предизвик: Тоа ќе биде остварување на сонот

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Карлос Алкарас ја освои првата титула на Ролан Гарос и стигна до третиот грен слем трофеј, но младиот Шпанец нема многу време за одмор и рекреација, бидејќи експресно доаѓа на ред сезоната на тревна подлога.

Алкарас од утре ќе ја брани титулата на турнирот во Квинс и ќе се подготвува за Вимблдон, а потоа ќе го има најубавиот предизвик во кариерата, бидејќи на Олимписките игри ќе сочинува тандем со Рафаел Надал.

Двајцата Шпанци ќе играат заедно во игра на двојки и ќе бркаат олимпиоско злато, па Алкарас искрено се надева дека на почетокот на месец август ќе си го оствари животниот сон.

– Многу сум среќен што ќе играм со мојот идол, со Рафа. Тоа ќе биде голема шанса за мене, ќе уживам во секоја секунда. Никогаш не очекував да играм со Рафа на една Олимпијада.

– Јас сум младо момче кое допрва треба да учи, а крај мене ќе го имаат мојот идол. Ќе биде вистински сон да освојам еден медал со Надал. Две години нема играно дубл, но ќе се подготвам и се надевам дека ќе одговорам позитивно на предизвикот, – изјави Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни