Поврзете се со нас

Свет

Роналдињо тврди дека критиките за бразилската репрезентација биле дел од маркетинг кампања

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/ronaldinho

Еден ден откако ги шокираше бразилските репрезентативци и фудбалската јавност во својата земја, Роналдињо излезе со објаснување за тешките зборови упатени на сметка на „селесао“.

Легендарниот фудбалер изјави дека нема да ги гледа натпреварите на репрезентацијата на Копа Америка, критикувајќи ги во однос на посветеноста, квалитетот и начинот на кои ги играле последните дуели.

Очекувано, ваквиот став на Роналдињо ги изненади сите во Бразил, за нецел ден подоцна тој преку Инстаграм да објасни дека се работело за собрани критики од фанови на социјалните мрежи, кои тој ги напишал во склоп на маркетинг кампања креирана од познат бренд на дезодоранси.

– Никогаш нема да се откажам од бразилскиот фудбал и никогаш не сум ги кажал работите кои ги прочитавте.

– Поточно, овие зборови се дело на реални бразилски фанови кои ги видов на интернет. Замислете да читате вакви работи пред да играте натпревар? Мотивацијата опаѓа, затоа што поддршката од фан базата има големо влијание кај фудбалерите.

– Затоа се приклучив на кампањата на брендот и бараме од сите фанови да испратат пораки со поддршка до репрезентативците пред Копа Америка, – напишал Роналдињо.

Роналдињо распали: Ќе си одам од Бразил, нема да гледам ниту еден натпревар на репрезентацијата!

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни