Поврзете се со нас

Македонија

И Воша ќе го носи дресот на шампионот Струга

Објавено

на

Екипата на Струга Трим Љум продолжува со активностите на трансфер пазарот, а најнова аквизиција е офанзивецот Арби Воша.

Воша во натпреварувачката 2023/2024 беше дел од составот на Шкупи за кој во сите натпреварувања постигна 6 гола и запиша 4 асистенции.

Тој со Струга потпиша тригодишен договор што е јасен знак дека шампионот има долгорочен план со поранешниот младински репрезентативец на Македонија.

Претходно стружани се засилија со Бојан Илиевски, Стефан Јевтоски, Филип Дујмовиќ и Масаки Такахара.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни