Поврзете се со нас

Лига Европа

Херојот на Аталанта мина тежок пат до трофејот: Третиот пат секогаш е среќен! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Адемола Лукман стана првиот играч по легендарниот Јуп Хајнкес кој постигнал три гола во едно европско финале кое го организира УЕФА, а неговиот хет-трик ја донесе најголемата титула за Аталанта во нејзината историја.

Италијанскиот калчолигаш мина трнлив пат во изминатите осум години и загуби во три финалиња во домашниот Куп, но откако последниот пораз пристигна пред една недела, конечно стигна и денот за големо славје на фудбалерите кои ги бранат боите на „Ла Деа“.

Аталанта го надигра Баер Леверкузен во големото финале и Лукман направи огромна разлика со својот хет-трик, меѓутоа мора да се напомене дека лесен пат немаше и Нигериецот.

Лукман загуби две финалиња во досегашниот тек на 2024-та година, па така по поразите на Африканскиот Куп на нации и во Копа Италија, дочека шанса да биде јунак и да освои голем трофеј.

– Ова е една од најдобрите ноќи во мојот живот. Неверојатни перформанси од тимот. Успеавме, навистина успеавме. Немам многу што да кажам, ова е фантастично.

– Третиот пат е среќен, секогаш велат дека третиот пат е среќен. Навистина сум среќен што победивме, навистина сум задоволен. Сега следи голема прослава на титулата, – изјави Лукман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни