Поврзете се со нас

Формула 1

Расел и Ферстапен подеднакво брзи во Монтреал, Ферари најголемо разочарување

Објавено

на

foto: x.com/MirrorSport

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел направи изненадување и ја освои пол позицијата за Големата награда на Канада во Ф1 шампионатот.

Расел успеа да слави во вечерашните квалификации иако имаше идентично време со актуелниот шампион и лидер Макс Ферстапен, но Британецот прв дојде до најдоброто време и затоа утре ќе тргне од самиот врв, првиот ред во кој друштво ќе му прави асот на Ред Бул.

Потоа следи двоецот на Мекларе, Норис и Пјастри, а до десеттата позиција се Рикардо, Алонсо, Цунода, Строл и Албаон.

Големо разочарување се возачите на Ферари, Леклер и Саинц кои се успеа да влезат во третата квалификациска сесија, а потфрли и Перез кој на трката ќе стартува од 16. позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни