Поврзете се со нас

АТП

„Најк“ подготвува договор тежок 200 милиони долари за Алкарас

Објавено

на

foto: x.com/rolandgarros

Карлос Алкарас неодамна го освои Ролан Гарос, а тоа го приближи до историски спонзорски договор со американската компанија „Најк“.

Шпанските медиуми објавија дека производителот на спортска опрема планира да го „позлати“ тенисерот кој има потенцијал да освои многу грен-слем титули, а „Најк“ сака да биде дел од таа приказна по примерот на соработките со Рожер Федерер и Рафаел Надал во минатото.

„АС“ објави дека според новиот десетгодишен договор, Алкарас би заработувал меѓу 15 и 20 милиони долари на годишно ниво, односно ќе добие речиси 200 милиони долари само од еден спонзор.

Таа сума ќе биде највисока во однос на договорите на актуелните тенисери, а многу повисока и од таа на Јаник Синер, кој во моментов е светски рекет број еден.

„Најк“ планира да го заштити брендот на Карлос Алкарас и да му подготви специјално бренд лого, нешто што веќе беше направено со Федерер и Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни