Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите во трилер меч загубија од Хрватска

Објавено

на

Одбојкарската репрезентација на Македонија претрпе уште еден драматичен пораз во Европската златна лига, овојпат од Хрватка на соочувањето во Осијек.

Минатата седмица избраниците на Хари Наковски го загубија трилерот со Белгија, а пак вечерва одново не не посака среќата и во пет сета претрпевме пораз од „коцкестите“.

Првиот сет донесе вистински маратон во кој решаваа нијанси и истиот им припадна на домаќините со 33-31. Во наредните два „спартанците“ беа подобри со 25-17 и 29-27 со што го свртеа резултатот во своја полза. Меѓутоа потоа Хрватска одново беше на повисоко ниво и со 25-21 и 15-12 се израдува на триумф пред своите гледачи.

Капитенот Никола Ѓоргиев со 35 поени беше најдобар наш поединец, додека кај победникот Марко Седлачек заврши со 26 поени.

Сега има учинок 1-4, нареден противник ни е Шпанија.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни