Поврзете се со нас

Шах

Крамник и Мартинез со меѓусебен дуел до решение за спорот?

Објавено

на

Photo: Gotham Chess

Поранешниот светски првак во шах, Владимир Крамник, кон крајот на минатата година се приклучи кон низата шахисти што континуирано укажува на појавата за мамење во шахот.

Меѓу оние кои беа индиректно спомнати се најдоа и звучни имиња како Хикару Накамура, а потоа и Хозе Мартинез Алкантра.

Со посредство на YouTube каналот „Gotham chess“, од денеска во следните три дена ќе биде организиран директен дуел меѓу Крамник и Мартинез, при што за победникот е предвидена награда од 12.000 долари, а за поразениот 8.000 долари.

Настанот е насловен како „Clash of the claims“, а во него предвидено е да се одиграат 36 партии шах, половина од нив на табла, а половина од нив преку компјутер.

Организаторите најавија ригорозна контролаи казна од 12.000 долари ако некој од играчите се обиде да мами во мечот.

Иако е ова елегантно решение и ќе предизвика лавина од медиумско внимание, останува да се види дали ќе помогне и да се надмине спорот меѓу Крамник и Мартинез.

Претходно, во друг случај, кога светскиот првак Магнус Карлсен изрази сомневање во Ханс Ниман, беше тужен, но ослободен од барањето за отштета во висина од 100 милиони долари.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни